Клоп го напушти обраќањето до медиумите откако доби едно незгодно прашање

Манчестер Јунајтед на најдраматичен можен начин попладнево славеше против Ливерпул на „Олд Трафорд“ со 4:3 во четвртфиналниот дуел и се пласираа во полуфиналето.

Очигледно дека доцниот гол на Амад Диало, тешко му падна на Јирген Клоп, кој во мноштвото прашања од новинарите, доби и едно незгодно, на кое имаше несоодветен одговор.

Новинарот го праша Клоп дека обично интензитетот на играта е нивна својственост, и зошто тоа станало тешко во продолженијата, на што Германецот одговори:

– Тоа е глупо прашање, се разбира. Кога зборувате дека така често играме, тогаш мислите на тоа дека имам повеќе ресурси. Не знам колку мечеви игравме во последно време, а не знам колку Јунајтед одигра. Тие постигнаа гол на крајот, а ние не. Навистина сум разочаран по тоа прашање, но очигледно мислев дека сме доволно добри, порача Клоп.

Клоп доби уште едно прашање од новинарот, кој го праша да не е во прашање тоа што играат многу натпревари, а овој одговори:

– Немој премногу да размислуваш за тоа, очигледно не си во форма, а јас немам нерви за тебе, порача Германецот и демонстративно го напушти обраќањето до медиумите.

Јунајтед го чека во полуфиналето Ковентри, додека во второто полуфинале се среќаваат Челси и Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО