Кливленд без Мичел ќе се обиде да остане во игра

Кошаркарот на Кливленд, Донован Мичел, веројатно ќе го пропушти петтиот меч со Бостон во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

 

Играчот на Кливленд не успеал да ја санира повредата на мускулот на левата потколеница, велат објавите од САД. Неговиот тим има негативо од 3-1 а новиот меч ќе биде одигран во 01.00 часот по полноќ на теренот на Селтикс. Мичел има просек од 29,6 поени, 5,4 скока и 4,7 асистенции во 10 натпревари во тековниот плеј-оф.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО