Кјелини за најболната тема во кариерата: Тоа беше голем шок за мене

Џорџо Кјелини одбележа една успешна ера во Јувентус и во репрезентацијата на Италија.

Тој во последното опсежно интервју за медиумите во Италија, се осврна на повеќе работи, меѓу кои посвети внимание околу Серија Б и најголемиот пораз во неговата кариера.

– Според мене, Јувентус во Серија Б, беше многу подобар од повеќе екипи во Серија А. Потоа беа меѓународни шампиони, бев момче кое имаше причина да направи некој напред и парадоксално е дека токму таму беше мојата шанса, кога Јуве беше во Серија Б, истакна Кјелини.

Тој во интервју беше замолен да се присети на неговата најголема болка во кариерата.

– Ми пречи фактот што не играв во финалето од ЛШ, бев скршен од тага, крајно разочаран и шокиран. Се повредив пет дена порано, имав самодоверба таа сезона, но пукнав на крајот и се повредив, порача Џорџо Кјелини.

Јувентус долги години се обидуваше да освои трофеј во ЛШ и никако не успеа да стигне до него.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО