Кил испиша историја: Надополни -9 против Монпелје и се пласира на Ф4

Германски Кил успеа во спектакуларен пресврт, да дојде до драматична победа над Монпелје и да се пласира на Фајнал Фор годинава во ЛШ.

Иако во првиот меч француската екипа победи со девет голови предност, многумина мислеа дека Кил не може да се избори за ваква победа на домашен терен, но токму тоа се случи.

Кил оствари неверојатна победа со резултат 31:21 и успеа да се пласира на овогодинешниот Ф4 во Лигата на шампионите. Многу од навивачите дуру и на Кил беа скептици во вакво сценарио, но ете, ракометарите демантираа и одиграа неверојатен меч.

Ова е секако победа за историја за Кил, една од најголемите во нивната клупска историја. Јохансон беше најдобар поединец во дресот на Кил со 8 голови, додека за Монпелје најдобар беше Пелас со шест погодоци.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО