Двократниот европски првак, ракометниот клуб Вардар има нов спонзор. Денеска на прес-конференција, извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски и директорот на компанијата „Кемпа“ Тим Гротхаус, ја потврдија соработката.
-Чест ми е што успеавме да споиме два бренда. Соработката со „Кемпа“ носи многу добр работи за Вардар и за македонскиот спорт. Станува збор за тригодишен, пријателски спонзорски договор кој треба да биде на долги патеки.
Во прв момент носи соработка која ќе биде додадена вредност на нашиот клуб, а носи и преговори со други германски компании и спонзори, истакна Борко Ристовски.
Вардар попладнево го игра дербито од 8. коло во македонското првенство против Еурофарм Пелистер во Скопје (18 часот).