Бохум го отпушти тренерот Томас Лех

Тренерот на младинскиот тим на Бохум, Хајко Бухер ќе го предводи Бохум во последните шест кола од Бундеслигата, откако доцна синоќа клубот му врачи отказ на досегашниот тренер, Томас Лех.

Лех вчера беше отпуштен откако забележа само една победа на последните 10 натпревари и освои само еден бод на последните шест меча. Следен противник на Бохум кој е 15-ти на тебелата, в сабота ќе му биде Хајденхајм, 10-ти на табелата.

Управниот одбор на клубот одлучил како привремена опција до крајот на сезоната, да му даде шанса на младиот стратег. За Бухер ова не е нова улога, бидејќи помогна на местото привремен тренер на тимот во 2018 и 2019-та, и неодамна во 2022 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО