Карлос Алкараз нема да игра на Барселона опен

Поради повреда, Карлос Алкараз нема да настапи ниту на Отвореното првенство на Барселона. Шампионот на Вимблдон и светски рекет број три, ја освојуваше титулата во минатите две години, но сега има проблем со десната подлактица. Алкараз (20) се повлече и од Мастерсот во Монте Карло.

Во соопштението од турнирот објавено на социјалните мрежи се вели: „Играчот се жали на повредата од Монте Карло и не се чувствувал добро на тренингот во неделата. Му посакуваме брзо закрепнување, и се надеваме дека ќе се видиме следната година“.

Но, Надал, 22-кратниот грен слем шампион, и 13-кратен победник на турнирот во Барселона, подготвен е за враќање, откако се повлече и од Монте Карло.

Поради повредата на колкот, 37-годишниот Надал е надвор од терените од јануари. Шпанецот денеска треба да игра против Италијанецот, Флавио Коболи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО