(ВИДЕО) Легендарниот Ромарио ќе се реактивира на 58 години!

Ромарио (58) кој во кариерата ја освои титулата светски шампион со Бразил, а беше шпански шампион и финалист во Лигата на шампиони (ЛШ) со Барселона, а потоа влезе во политиката и стана сенатор во родниот Бразил, му се враќа на фудбалот.

Тој по 16 години го одработи првиот тренинг, за да се подготви што подобро за настап во клубот чиј претседател е, Америка од Рио де Жанеиро.

– Што се однесува до тренинзите… уморен сум. Наскоро доаѓаат по мене со носилка. Не тренирав 16 години, изјави Ромарио кој вети дека ќе игра за минимална плата, а потоа ќе му ја врати таа плата на клубот.

Тој му се враќа на фудбалот за да си го исполни сонот и да биде на теренот во истовреме со синот Ромарињо.

– Сакам да појаснам една работа. Нема да се натпреварувам за титулата, мојата идеја е да одиграм по неколку минути на некои натпревари. Мојата најголема цел е да имам можност да бидам на теренот со мојот син. Многу спортисти ја имаат оваа цел, многумина го посакуваат тоа, јас ќе ја имам, објасни тој.

Тој додаде и дека ќе изведува пенали. Тоа го потврди со шега. „Тоа е одлука на претседателот на клубот. Доколку има пенал, претседателот ќе побара од тренерот тој да го изведе. Ако тренерот избере некој друг играч, ќе го шутнам од клубот“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО