Карапалевски заминува од Вардар, ќе игра со Димитриоски во Шпанија

Средниот бек, Мартин Карапалевски, по повеќе години минати во „црвено-црниот“ дрес на Вардар и на Вардар јуниор, летово ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Валјадолид, во шпанската Асобал лига, што ќе биде негов прв меѓународен предизвик во кариерата.

Карапалевски (24) ќе има можност да соработува со Давид Писонеро, кој имаше краток престој во Вардар, и ги познава квалитетите на Карапалевски. Македонскиот ракометар потпиша двегодишен договор со можност за продолжување за уште една сезона, ако двете страни се задоволни од соработката.

Tаму Карапалевски ќе му прави друштво на Димитар Димитриоски, кој ќе остане во Валјадолид уште една сезона откако го продолжи договорот. Карапалевски сезонава ја делеше минутажа со Косуке Јасухира, кој најверојатно ќе остане во Вардар, поради што се одлучил на трансфер во странство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО