НБА лига: Сите играчи на Далас носеа дрес со порака, не и Дончиќ!

Кошаркарите на Далас маверикс го победија Мајами хит со 111:92, на гости и со тоа го подобрија скорот победи-порази на 50:30, во последниот дел од регуларниот дел од НБА сезоната.

Пред натпреварот одигран во ноќта меѓу среда и четврток, сите играчи на Далас, освен Лука Дончиќ, и дел од стручниот штаб, носеа маички со натписи на јазиците од просторите на поранешната СФРЈ, на кои пишуваше „вистинскиот МВП“.

Како што се наближува плеј-офот, така се прогласува за МВП на регуларниот дел од сезоната, а Дончиќ е еден од кандидатите.

Со ова тие сакаа да му ддаат поддршка во трката што ја води со ѕвездите како Никола Јокиќ од Денвер, Џејсон Тејтум од Бостон, Шаи Гилгеус-Александер од Оклахома и Јанис Антетокунмпо од Милвоки.

Дончиќ уште од доаѓањето во НБА во 2018 година, честопати се споменуваше како кандидат за МВП, но досега се’ уште не го добил тоа признаниее.

Против Мајами тој постигна 29 поен, плус девет асистенции и девет скока. Словенечката суперѕвезда има речиси просечни трипл-дабл бројки сезонава, 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции по натпревар, и е најзаслужен за петтото место на Маверикс во Западната конференција и за пласманот во плеј-офот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО