Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле сака да го напушти клубот, пишува „Кориере дела сера“. Причината за ова се нападите на навивачите врз него и неговото семејство. Некои приврзаници на римските „орли“ го обнинија 34-годишниот фудбалер одговорен за отказот на тренерот Маурицио Сари.
Имобиле пред неколку дена остана заглавен во сообраќаен метеж со неговиот 4-годишен син и неговата сопруга во автомобилот. Навивач на Лацио го препознал, излегол од автомобилот и почнал да го навредува. Инцидентот многу го исплашил детето, а следниот ден неговата сопруга била навредувана на улица.
Освен тоа, на социјалните мрежи веќе неколку месеци има напади против Имобиле. Лацио ја изрази својата целосна солидарност со нивниот капитен Имобиле и неговото семејство во врска со вознемирувачките напади во последните денови.