Капитенот на Кристал Палас одбил да го продолжи договорот – заминува следната сезона

Капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи (25), официјално информираше дека нема да го продолжи договорот со клубот и ќе го напушти на крајот на сезоната 2025/26. Гуеи има важечки договор до 30 јуни 2026 година, по што ќе стане слободен агент.

Тренерот Оливер Гласнер потврди дека клубот му понудил нов договор, но Гуеи одлучил да ја промени средината. „Марк ни кажа дека нема да потпише нов договор и ќе замине следната година“, рече Гласнер.

Минатата година, Гуеи беше многу близу до трансфер во Ливерпул за 35 милиони фунти, но трансферот беше стопиран од претседателот на Кристал Палас, Стив Париш, три часа пред истекот на преодниот рок, бидејќи клубот не успеа да најде соодветна замена.

Сега, со оглед на неговото одбивање да го продолжи договорот, Кристал Палас се соочува со дилема: дали да го продаде во јануари или да го задржи до летото, кога Гуеи ќе замине бесплатно. Се очекува интерес за него од големи европски клубови како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Сити и Ливерпул.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО