Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, го постигна најбрзото време во квалификациите за спринт трката на Големата награда на САД, која се вози на патеката „Цирквит оф зе Америкс“ во Остин. Во третата квалификациска сесија, Холанѓанецот постави време од 1 минута и 32,143 секунди, освојувајќи ја десеттата „спринт пол“ позиција во својата кариера. Ландо Норис од Мекларен беше втор со време од 1 минута и 32,214 секунди, додека актуелниот лидер во шампионатот, Оскар Пјастри, заврши како трети.
Во квалификациите за спринтот, Верстапен ќе стартува од првиот ред заедно со Норис, додека Пјастри ќе биде трети. Нико Хилкенберг од Заубер ќе стартува четврти, а Џорџ Расел од Мерцедес петти. Фернандо Алонсо од Астон Мартин ќе биде шести, Карлос Саинц од Вилијамс седми, Луис Хамилтон од Ферари осми, Алекс Албон од Вилијамс деветти и Шарл Леклерк од Ферари десетти.
Спринт трката ќе се вози вечерва со почеток во 19 часот по македонско време. Оваа трка е клучна за Верстапен, кој се наоѓа 63 поени зад Пјастри во генералниот пласман и има само шест трки до крајот на сезоната.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: