Каде ќе беше Абердин сезонава без Бојан Миовски?

Каде ќе беше Абердин без Бојан Миовски? Сезонава ова прашање беше поставено милион пати, но повторно треба да биде поставено.

Тој едноставно е страшен напаѓач, го фали Џонатан Сатерленд, водителот на спортската емисија на шкотската телевизија на која секоја недела се емитуваат најинтерeсните моменти од првенствените натпревари.

Голот против лидерот во лигата, Селтик во саботата за ремито на Абердин (1:1) му обезбеди место на Миовски во „тимот на колото“. Тоа беше седми гол на Миовски на последните осум меча. Абердин е осми на табелата во шкотската Премиер лига, меѓу 12 тима, со 25 бода.

Пофални зборови за Миовски има и поранешниот напаѓач на Абердин, Ли Милер, кој смета дека македoнскиoт репрезентативец нема уште долго да игра во Шкотска.

– Го кажав тоа и минатата година, тој ќе игра во англиската Премиер лига во следните две години. Мислам дека е толку добар. Тој има сè. Неговата смиреност, голот против Селтик, тоа беше неверојатно. Го сакам начинот на кој игра, со насмевка на лицето, тој едноставно го сака фудбалот, изјави Милер.

Моментално вредноста на Миовски на трансфер пазарот се проценува меѓу 1,2 и два милиони евра. Абердин на унгарскиот МТК во 2022 година за него му плати 0,7 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО