(ВИДЕО) Почина легендата на Реал Мадрид, голманот Мигел Анхел

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Мигел Анхел, поради вештината наречен и „Ел Гато“ или Мачката, почина на 76-годишна возраст. Тој при крајот од минатата година објави дека боледува од склероза од што и почина.

Во Реал тој дојде во 1968 година, дебитираше една година подоцна, а во 1974 година стана прв голман на славниот клуб.

Мигел Анхел мина 18 години во Реал, до 1986 година. Во сезоната 1975/76 го освои трофејот Замора, како голман кој примил најмалку голови по натпревар во Ла лига.

За Шпанија бранеше на 18 натпревари и беше прв голман на Светското првенство (СП) 1978 година во Аргентина.

Мигел Анхел на еден натпревар, во финалето на „кралскот куп“ во 1975 година, против градскиот ривал Атлетико, стекна бесмртност меѓу шпанските љубители на фудбалот.

Во регуларниот дел тој одбрани три големи шанси за ривалот, а потоа и два удара во пенал рулетот за освојување на трофејот.

Реал, Мигел Анхел го нарече „еден од најголемите голмани во историјата на клубот, легенда на Реал и на шпанскиот фудбал“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО