Јувентус ја победи Џенова и го презема врвот во Серија А

Eкипата на Јувентус по три нерешени натпревари денеска славеше победа на гости против Џенова со 0:3 и така се искачи на врвот на табелата во Серија А.

Во првите 45 минути не видовме погодоци, а и двете екипи создадоа малку шанси. Резултатот беше отворен во 48. Минута кога Душан Влаховиќ го прекина постот од 355 минути без примен гол и погоди од пенал.

Се играше 55. минута кога српскиот напаѓач уште еднаш се запиша во листата на стрелци за 2:0. Конечниот резултат во 89. минута го постави Консесиао.

Јувентус сега е лидер со 12 бода, еден повеќе од Интер кој денес го победи Удинезе со 3:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО