Англискиот напаѓач (27) и официјално го напушти Манчестер Јунајтед и ќе игра за Барселона – на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот за 32,5 милиони евра.
„Многу сум возбуден. Барса е клуб каде што соништата се остваруваат. Се чувствувам како дома“, изјави Рашфорд.
За Јунајтед одигра 426 натпревари и постигна 138 голови, но со доаѓањето на Рубен Аморим ја изгуби стартната позиција.
Во февруари беше позајмен во Астон Вила, каде даде 4 голови на 17 натпревари.
Од Барса порачаа:
„Може да игра насекаде во нападот, има одлична техника и шут – сега ќе ги покаже во дресот на Барса.“