Јукиќ: За Охрид имам слушано убави работи уште кога играв во Бундес лигата

Како што „Спортклуб.мк“ прв објави денес, ГРК Охрид пред стартот на плеј-офот во Супер лигата, се засили со хрватскиот интернационалец Никола Јукиќ.

Триесетгодишниот Јукиќ игра на позицијата десен бек. Висок е 195 сантиметри, а во кариерата настапувал во: Каштела (Хрватска), „Понталут и и „Шартрес,“ (Франција), „Минден“ (Германија), АЕК (Грција) и „Мудхар“ (Саудиска Арабија).

Покрај настапите во јуниорскиот и кадетскиот состав, Јукиќ има и три настапи за сениорската репрезентација на Хрватска.

-Мило ми е што доаѓам во Охрид, клуб кој расте и кој во Македонија има големи амбиции. Македонија е ракометна земја, а многу убави работи слушнав за ГРК Охрид и градот уште кога настапував во Бундес лигата и верувам дека мојот престој тука ќе биде успешен.

Фокусиран сум на целите на клубот и верувам дека на крај сите ќе имаме причини за задоволство. Слушнав многу добри работи и за тренерот Аушовски, кој е легенда на македонскиот ракомет, така што сигурен сум дека соработката ќе биде вистинска. Запознаен сум со лигата, дека има доста квалитетни играчи и клубови, Еурофарм Пелистер кој настапува во Лигата на шампиони, Вардар кој секогаш е силен и е поранешен двократен шампион на Европа, како и Алкалоид кој го предводи легендарниот Кире Лазаров, против кого играв неколку пати во Француската лига, изјави Никола Јукиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО