Јокиќ ги искоментира реалните шанси дали наскоро можат да заиграат со Дончиќ во ист тим

Никола Јокиќ предизвика лавина реакции на НБА публиката, за време на ОЛ-СТАР викендот, каде зборуваше за настап во иста екипа со Лука Дончиќ.

Додека Јокиќ „гази“ во дресот на актуелниот шампион Денвер Нагетс, Лука Дончиќ го прави истото но во дресот на Далас.

Српско-словенечкиот тандем и оваа година направи големо шоу на Ол Стар натпреварот, а потоа запрашан дали постои можност тој и Дончиќ еден ден да заиграат заедно, центарот на Денвер одговори:

– Не знам, можно е, јас не сакам да го напуштам Денвер, одличен клуб, но доколку Лука „попи*** во Далас, може да дојде овде, порача Никола Јокиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО