Модриќ го одби Анчелоти, сака да игра и на СП 2026!

Хрватот Лука Модриќ (38) кој дојде во Реал Мадрид од Тотенхем во 2012 година, во следните 10-на години одигра 516 натпревари и стана вистинска „кралска“ легенда.

Но, од последните седум натпревари тој беше стартер на само два. На два влезе подоцна во игра, а три одгледа од клупата за резервисти.

Со оглед на сето тоа, како и на фактот дека неговиот договор завршува во јуни, не се очекува Реал да му понуди продолжување на соработката, што упатува на пензионирање на Модриќ.

Шпанските новинари вчера открија дека Карло Анчелоти му понудил на Модриќ да биде дел од неговиот Стручен штаб за следната сезона.

Подоцна во текот на денот беше додадено дека Модриќ го одбил тој предлог бидејќи не сака неговото место во Реал да зависи од старите заслуги, туку да игра ако тоа го заслужува.

– Модриќ се заблагодарил на понудата бидејќи ја сфаќа како порака од тренерот дека повеќе не е на нивото потребно за Реал. Лука ќе продолжи да игра, но освен ако не дојде до некаков радикален пресврт, подалеку од „Сантијаго Бернабеу“. Повлекувањето летово не му е опција ниту под разно, напиша Релево.

Подоцна, Хавиер Ераез во култната радио емисија „Карусел Депортиво“ на популарната станица „Кадена СЕР“ објави: „Модриќ не сака да му се приклучи на штабот на Анчелоти затоа што сака да продолжи да игра. Тој е заинтересиран да игра и на следниот Мундијал“.

СП 2026-та ќе одржи во САД, Мексико и Канада кога Модриќ ќе има речиси 41 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО