Јаќовски тргна во поход кон Лоце, четвртиот највисок врв на светот

Македонскиот планинар и хималаист, Златко Јаќовски во наредните два месеца, во периодот од 8 април до 30 мај, тргнува во авантурата, односно експедицијата за искачување на четвртиот највисок врв на земјата, Лоце, висок 8.516 мртри.

Јаќовски ќе биде од меѓународна група во организација на Ејжиантрекинг (Asiantrekking) од Непал. По околу тринеделната аклиматизација очекуван(и) ден(ови) за искачување на врвот се кон средината на мај.

Лани на 19 мај, Јаќовски, професор по судска медицина и член на скопскиот планинарски клуб Х2О, се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри).

Животен сон на Јаќовски е проектот „Седум врва“, искачување на  највисоките врвови на седумте континенти чија реализација ја почна во 2016 година. Најпрвин сe искачи на Елбрус во Европа, а потоа следуваа Аконкагва во Јужна Америка, Килиманџаро во Африка, Денали во Северна Америка и лани, Монт Еверест во Азија.

Остануваат за искачување планините Винсон на Антарктик и Карстен пирамид во Океанија/Австралија, за заокружање на проектот.

Од повисоките и поатрактивни планини тој ги има искачено Монт Блан, Ленин, Гросглокнер и други алпски врвови над 3.500 метри.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО