Изненадување – Клоп му ја краде големата желба на Тен Хаг

Фудбалскиот клуб Ливерпул би можел неочекувано да се засили во зимскиот преоден рок. Повредата на Џоел Матип влијаеше на одлуката на Јирген Клоп и Ливерпул да излезат на пазарот.

Според последните информации, Жан Клер Тодибо би можел да се пресели на „Енфилд“ до крајот на јануарскиот преоден рок.

Стоперот на Ница е еден од најбараните оваа зима, бидејќи беше поврзуван со Тотенхем, кој на крајот го доведе Раду Драгушин, а беше и мета на Манчестер Јунајтед.

Сепак, Ливерпул ги забрза преговорите и наводно сака уште еден Французин во одбраната.

Тодибо е близок до Конате, кој посредува во преговорите и влијаеше на својот сонародник и ги пренесе впечатоците од соблекувалната на Енфилд.

Тодибо влезе на голема сцена со трансфер од Тулуз во Барселона, но никогаш не доби вистинска шанса на Камп Ноу, па по позајмица во Шалке беше продаден во Ница. Барса има и 20% од добивката од неговата следна продажба, па и Каталонците тријат раце доколку Ливерпул ги плати очекуваните 40-50 милиони за неговиот трансфер.

Тодибо има 24 години и два настапи за француската репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО