Борусија позајми играч од Челзи

Холандскиот фудбалер и играч на Челзи, Јан Матсен до крајот на сезоната ќе игра за Борусија Дортмунд како позајмен играч.

Матсен е роден во Ротердам и играше во својата татковина за младинските тимови на Спарта и ПСВ.

Тој му се приклучи на Челзи во 2018 година, а за првиот тим дебитираше во јули минатата година.

Германските медиуми објавија дека Борусија и Челзи се договориле за позајмица без опција за откуп на договорот.

Матсен досега одигра 12 натпревари во Премиер лигата.

Тој е второто засилување на Борусија оваа зима, по доаѓањето на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед, исто така на позајмица.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО