Изненадувања на Купот на Африка: Елиминирани Алжир и Гана

Мавританија  го изненади Алжир, двократниот африкански првак од 1990 и 2019 година, победувајќи го со 1:0. Тоа значеше елиминација за Алжир уште во групната фаза натпревари на Купот на Африка што се одржува во Брегот на Слоновата Коска.

Мавританија ја која трет пат по ред игра на финалниот турнир на Купот на Африка ја оствари првата, историска победа. Таа победа им обезбеди пласман во осминафиналето во кое ќе се сретнат со Зеленортските Острови во понеделник.

Алжир му се придружи на поранешниот четирикратен шампион Гана (1963, 1965, 1978 и 1982 година) која исто така беше елиминирана во раната фаза. Цехот за таа елиминација го плати селекторот Крис Хјутон кој доби отказ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО