Ѓоковиќ како прв носител ja чека утрешната ждрепка во Мелбурн

Најдобриот светски тенисер  Новак Ѓоковиќ, назначен е за прв носител на гран-слем турнирот на Австралија опен во Мелбурн. Историски Ѓоковиќ има рекордни 42:0 победи и порази како носител број 1 на Австралија Опен.

Втор носител е Шпанецот Карлос Алкараз, трет Русинот Данил Медведев, четврти Италијанецот Јаник Синер, петти е  Русинот Андреј Рубљов итн.

Кај жените првоте пет носителки се Ига Швјатек од Полска, Арина Забаленка од Белорусија, Елена Рибакина од Казахстан, Коко Гаф и  Џесика Пегула од САД итн.

Ждрепката за Австралија опен ќе се одржи в четврток рано наутро по европско време.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО