Далас Маверикс победија во меч каде беа постигнати скоро 300 поени (148:143), а Лука Дончиќ стави свој печат на оваа нестварна победа.
Најшокантна е ефикасноста, во која словенечкиот кошаркар дојде до неверојатен учинок за овој клуб. Дончиќ за 44 минути на терен, шутираше со скор 25/33 (8/3 за три), 15/16 од линијата за слободни фрлања, имаше 10 скокови, 7 асистенции, 1 украдена топка и четири загубени.
Словенечкиот кошаркар постигна 73 поени во оваа победа и на тој начин стана првиот играч во лигата кој постигнал повеќе од 70 поени, шутирајки од игра со повеќе од 75% успешност.
Со оваа партија, Дончиќ забележа најголем резултат на еден натпревар, со највисок процент на шутевите, тој го сруши рекордот кој досега беше во сопственост на Демијан Лилард.
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 27, 2024