Клоп на заминување, им даде едно цврсто ветување на навивачите од Енфилд!

Најавата од Ливерпул дека Јирген Клоп на крајот од сезоната го напушта кормилото на клубот, ги шокира повеќето навивачи, бидејки оваа вест дојде како големо изненадување за сите.

Тој истакна дека одлуката ја донел на крајот од ноември и дека го информирал клубот дека заминува во јуни, а попатно, им вети на навивачите дека тој никогаш нема да менаџира друг клуб освен Ливерпул.

– Што се однесува до навивачите, им заблагодарувам до небо за безерзервната поддршка и топлината која ја добивав од трибините, едно можам само да им ветам, дека во иднина никогаш нема да тренирам друг клуб, никогаш, тоа може да биде само Ливерпул. Дури и да бидам принуден да гладувам, друга понуда нема да прифатам поради почитта кон овој клуб, порача Германецот.

Сезонава Ливерпул има шанса да се избори за уште некој трофеј, а најблиску се чини дека во моментов се до Лига купот, каде треба да одиграат следниот месец финале против Норич.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО