Иско веројатно ќе се врати во репрезентацијата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско, кој цели пет години нема играно за селекцијата на Шпанија, веројатно ќе добие повик за претстојното Европско првенство во Германија.

Тоа го најави селекторот на „фуријата“, Луис Де Ла Фуента, на околу еден месец пред почетокот на Континенталниот собир. Иско кој има 32 години, има одлична сезона во дресот на Бетис.

На 35 натпревари има дадено 9 голови и направено 7 асистенции. Шпанија на ЕП ќе биде во група со Хрватска, Италија и Албанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО