Инзаги: Победуваме, имаме голема предност, но нема опуштање

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја коментираше предноста на Интер од 15 бода пред Јувентус, откако синоќа неговиот тим славеше на мечот со Џенова, 2:1.

-За 33 дена ја зголемивме предноста во однос на Јувентус на 15 бода, но треба да останеме фокусирани. Во фудбалот сум долги години и знам како функционира.

Има уште многу натпревари, треба да одиграме три пред репрезентативната пауза против многу сериозни противници, Болоња, Атлетико и Наполи. Им благодарам  на играчите, одиграа 12 натпревари за 50 дена и победија на сите. Браво, честитки, но треба да гледаме напред, изјави тренерот на Интер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО