Француската Лига 1 од следната сезона со нов спонзор

Француското фудбалско првенство ќе го промени официјалното име од следната сезона. Наместо „Убер Лига 1“, најквалитетната лига во Франција ќе се вика „Мекдоналдс Лига 1“, пренесуваат франциските медиуми.

Според нив, Мекдоналдс ќе плаќа 20 милиони евра годишно за правата за користење на името на францускиот шампионат. Претходниот партнер, „Убер“, плаќаше 15 милиони евра годишно.

По заминувањето на главните ѕвезди како Лионел Меси и Нејмар од Лига 1, како и извесното заминување на Килијан Мбапе летово, Убер ја намали понудата за новата сезона.

Француското првенство почна да бара нови партнери и постигна договор со големиот ланец за брза храна, Мекдоналдс.

Зделката не е официјално објавена затоа што преговорите се’ уште се во тек, односно странките се’ уште не ги решиле сите правни прашања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО