Им приредил голем шок: Како всушност семејството на Хамилтон дознало за трансферот во Ферари

Одлуката на Луис Хамилтон да го напушти Мерцедес и се пресели во Ферари беше одлука која изненади многумина, пред се во таборот на германската екипа, но и во неговото семејство.

Зборувајки за тој период при одлука дека треба да се пресели во Ферари, прв го извести Тото Волф, но го стави пред свршен чин, односно на ден откако почнаа да излегуваат информациите.

Но интересно во целата приказна е и тоа што Луис Хамилтон не им соопштил дури ни на своите во семејството за трансферот во Ферари.

– Не зборував со никој тие денови, дури не им реков ни на родителите, тие дознаа дента пред да биде објавена веста, така да, никој не знаеше. Навистина сакав тоа сам да го направам, знаев дека мора да ја донесам најдобрата одлука за мене, порача Хамилтон.

Во Мерцедес првично му беа лути на Хамилтон на брзоплетоста, односно тоа што ги ставил пред свршен чин и дека немале време веднаш да реагираат, бидејки и самите беа шокирани од одлуката на Британецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО