Медведев изненаден од фотографијата на Ноле и Рафа: Едно не ми беше јасно

Пред неколку дена Новак Ѓоковиќ објави фотографија со Рафаел Надал, како патуваат кон Америка, каде ќе играат на турнирот Индијан Велс.

Медведев моментално се наоѓа во Дубаи, каде што игра и ја брани титулата, додека во меѓувреме и сам ќе им се придружи на двајцата во Америка.

– Кога ја видов сликата, пред се бев изненаден. Каде одат така рано, Индијан Велс? Зошто толку рано? Интересно. Претпоставувам дека сигурно не разговарале да се најдат во ист лет. Претпоставувам дека нивната средба и за нив беше изненадување.

– Кога ќе го видиш вториот тенисер во авионот, тоа е убаво изненадување, поготово нив двајца, кои се ривали преку 20 години, така да, тоа е доста забавна фотографија, порача Данил Медведев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО