Играч на Чешка нема да игра на ЕП откако сам се повреди

Стручнуиот штаб на фудбалста репрезентација на Чешка соопшти дека играчот од средниот ред на Твенте и чешката репрезентација Михал Садилек поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Германија. 25-годишниот фудбалер се повреди откако падна од својот велосипед.

„За жал, Садилек падна додека го возеше својот велосипед и се здоби со повреда на потколеницата“, соопштија од чешката федерација.

Садилек забележа рекордни 24 настапи за чешката репрезентација и постигна еден гол.Репрезентацијата на Чешка се подготвува за настап на ЕП, а утре ќе ја пречека Македонија во Храдец Кралове.

Селекцијата на Чешка ќе игра во групата Ф со селекциите на Португалија (18 јуни), Грузија (22 јуни) и Турција (26 јуни).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО