Баерн Минхен го договара првиот трансфер пред стартот на ЕП

Баерн Минхен се приближува кон една од своите летни трансфер цели. Баварците се во напредни преговори со Фулам за португалскиот интернационалец Жоао Палиња, пишува Флоријан Плетенберг. Двата клуба се очекува многу брзо да постигнат договор.

Германскиот гигант нема намера да плати повеќе од 40-45 милиони евра за 28-годишниот дефанзивен играч за врска.

Палиња беше блиску до Баерн и минатото лето кога договорот пропадна во последен момент. Тогаш трансферот требаше да биде за нешто повеќе од 60 милиони евра.

Сега фудбалерот се надева дека неговата преселба на „Алијанц Арена“ ќе биде финализирана пред УЕФА ЕУРО 2024. Тој веќе постигна начелен договор со раководството на Баварците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО