Френки де Јонг ќе паузира четири месеци

Холандскиот играч за врска Френки Де Јонг во понеделникот се појави во тренинг-комплексот на Барселона, „Сиутат Еспортива“, каде што требаше да ги помине задолжителните медицински прегледи пред почетокот на подготовките.

Сепак, „Марка“ објави дека холандскиот репрезентативец се соочува со сериозна повреда на десното колено.

Де Јонг би можел да биде надвор од терените околу четири месеци, што би значело негово враќање дури во средината на ноември.

Тоа би го оставило надвор од почетокот на сезоната 2026/27 на Барселона.

Фудбалерот на Барселона настапи на сите четири натпревари за Холандија.

Ги одигра сите 90 минути против Јапонија, а потоа помина 59 минути на теренот против Шведска.

Се верува дека против Тунис одиграл 72 минути, а против Мароко дури 110 минути, иако веќе имал проблеми со коленото. Холандија, предводена од Роналд Куман, на крајот беше елиминирана од турнирот.

На последните два натпревари Де Јонг беше забележан со силна преврска на десното колено, а по дуелот со Шведска беше виден и како става мраз на повреденото место додека седеше на клупата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО