Иако Ѓоковиќ е број1 на АТП, за Алкараз прв и најдобар во моментов е Јаник Синер!

Карлос Алкараз верува дека во овој момент, Јаник Синер е најдобриот тенисер во светот.

Освојувачот на Австралија Опен во меѓувреме дојде и до трофеј во Ротердам, со што дојде до третото место на АТП листата, што му е најдобар ранг во кариерата.

Синер така се вклучи во борбата за првата позиција која е во сопственост на Новак Ѓоковиќ, кој е следен од Карлос Алкараз.

– Играв против него, сега веќе далечната 2021 година, загубив, ја познавам неговата игра, го гледав многу пати. Знам дека е врвен играч и сигурно е дека има дополнителна мотавиција да игра тенис.

– Синер одлично ја почна годината, мислам дека заслужено е тука кај што е. Тој е вреден работник, не ме чуди што победува. Ќе избегнам поредување со него, но сметам дека во моментот тој е број1 во светот, порача Карлос Алкараз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО