Ван Перси ги посетил „ѓаволите“ во Керингтон – потегот на Хојлунд ги радува навивачите

По тешкиот старт во Манчестер Јунајтед и тоа што не успеа да постигне гол на првите 14 натпревари во Премиерлигата, Расмус Хојлунд се чини дека конечно го фати потребниот залет.

Јунајтед за овој фудбалер и исплати 72 милиони фунти на Аталанта, па се чини дека не погрешија, за тоа што ова момче допрва се развива и покажува знаци дека може да биде расен голгетер.

Пред неколку дена на посета во тренинг базата Керингтон им бил Робин Ван Перси, фудбалерот со кој Јунајтед ја освои последната титула во Англија, па Рио Фердинанд раскажа за воодушевувањето на Хојлунд откако имал можност да разговара на само на теренот половина час.

– Робин ми рече дека Расмус го прашувал повеќе работи околу фудбалот и играта. Тоа е знак дека ова момче сака да учи и да се угледа на најголемите, истакна Рио Фердинанд.

Хојлунд дава знаци дека може да биде главен напаѓач на „црвените ѓаволи“ во следната деценија и да стане уште поголем играч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО