Хезоња втор пат одби договор со Реал: Добив пораки од Белград

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња, втор пат го одбива Реал Мадрид за нов договор, што алудира на тоа дека следува разделба.

Хезоња како што тврди Марка, не бил задоволен од финансиските услови кои му ги нудат „кралевите“ во соработката, па постои верување дека тој ќе сака промена и нов клуб.

Мадриѓаните сакаат да го задржат ростерот за следната сезона, односно приоритет им е останувањето на Еди Таварез, Венсан Поарие и Хезоња, но очигледно Хрватот има други идеи.

Хезоња го доби признанието за најкористен играч (МВП) во декември, беше фантастичен во дресот на Реал во период кога Јабуселе беше повреден. Меѓутоа потоа францускиот кошаркар се врати и неговата минутажа драстично падна.

Од друга страна, тој пред извесен период имаше понуда од белградски Партизан, нешто што и самиот го потврди.

– Да, имав пораки да дојдам во Партизан, но и од Панатинаикос, добивав многу пораки од навивачите на белградски Партизан и им благодарам за тоа,

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО