И официјално: Хамилтон си заминува од Мерцедес

Седумкратниот шампион во Формула 1 (Ф1), Луис Хамилтон дефинитивно го напушта тимот на Мерцедес. Тоа го потврди германскиот тим со официјално соопштение потенцирајќи дека Британецот ја искористил клаузулата која му давала опција да го раскине договорот.

Италијанскиот гигант Ферари, најпознатиот тим во историјата на Формула 1 (Ф1), објави дека Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со почеток во 2025 година.

Хамилтон е во Мерцедес од 2013 година и во минатите 10-на години освои шест од седумте шампионски титули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО