Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс сигурно ќе го напушти тимот, тврди „Билд“. Договорот на 35-годишниот централен бек истекува и нема да биде обновен.
„Билд“ вчера објави дека заминувањето на Матс Хумелс од Дортмунд практично е завршена работа! Тоа е затоа што Германецот со месеци е во расправија со челниците на клубот, а главната причина е наводното недоразбирање меѓу него и тренерот, Един Терзиќ.
Ситуацијата, пишуваат Германците, е непоправлива. Според внатрешни извори, пресудата е следна: Хумелс ќе мора да го напушти клубот. Дополнително, клупското раководство не верува дека поранешниот германски репрезентативец е способен да продолжи да игра на високо ниво.
Хумелс има 35 години и минатата сезона забележа 25 настапи во Бундеслигата и постигна три гола. Тој исто така даде значаен придонес Борусија да стигне до финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Неодамна имаше информации дека дефанзивецот размислува да стави крај на кариерата, но најверојатно тоа нема да се случи. Тој не сака да ги прифати понудите од Саудиска Арабија или од САД и сака да остане во Европа.