Холандија без Френки де Јонг на ЕП

Френки де Јонг поради повреда на скочниот зглоб нема да настапи на Европското првенство (ЕП што почнува в петок, соопшти синоќа Фудбалската федерација на Холандија.

Де Јонг (27) се обидуваше да ја санира повредата на скочниот зглоб на натпреварот  Барселона – Реал Мадрид, но не успеа. Холанѓаните до последен момент се надеваа дека Де Јонг ќе се опорави, но сепак тоа нема да се случи, по што синоќа ,по пријателскиот натпревар против Исланд (4:0) во Ротердам, беше потврдено неиграњето на Де Јонг на ЕП.

Холандија на ЕП е во групата Д, со Франција, Австрија и Полска.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО