Лопетеги го менува Пиоли во Милан?

Италијанскиот новинар Матео Морето објави дека во моментов на пол-позицијата за нов тренер на екипата на Милан за следната сезона се наоѓа шпанскиот стратег Хулен Лопетеги.

Некогашниот шпански селектор треба да биде наследникот на Стефано Пиоли кој најверојатно ќе биде отпуштен по завршувањето на сезоната.

– Ја потврдувам веста. Лопетеги е водечко име на списокот на Милан, па ќе видиме дали ќе биде постигнат договор. Лопетеги работи со млади играчи, има големо искуство. Знам дека навивачите го очекуваат Конте, но можно е да има и други кандидати, објави италијанскиот новинар.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО