Хeрл победи во Инсбрук, Кобајаши пред конечен триумф на „Четирите скокалници“

Австриецот Јан Хeрл (25) победи на скокалницата во Инсбрук, на третиот натпревар во рамките на 72. новогодишна турнеја „Четири скокалници“, со скоковите од 134 и 127,5 метри, во лоши временски услови пред 21.000 гледачи.

-Пресреќен сум, имаше многу емоции и чувства додека ја забележував втората победа во кариерата, дома. Првиот скок беше можеби најдобриот во мојата кариера, но беше и големо олеснување со така добар скок да го започнам натпреварот, изјави Херл.

Втор беше Јапонецот Роју Кобајаши, а трет уште еден Австриец, Михаел Хајбек.

Победата на Херл значи дека има тројца победници на трите натпреври на „Четирите скокалници“ годинава. На првиот натпревар во Оберсдорф, на 29 декември, победи Германецот Андреас Велингер, а на вториот во Гармиш-Партенкирхен, на 1 јануари, Словенецот Анже Ланишек.

Кобајаши води во генералниот поредок по трите натпревари со 857,6 поени, пред Велингер со 852,8 поени итн.

Во сабота во Бишофсхофен е последниот натпревар на новогодишната турнеја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО