Олимпијакос се засили со репрезентативец на Португалија

Португалскиот фудбалер Желсон Мартинез е нов играч на Олимпијакос, објави денеска неговиот поранешен клуб Монако.

Желсон во Монако пристигна во 2019 година, а за тимот од Франција одигра 129 натпревари и постигна 16 голови.

За португалската репрезентација играше 21 пати.

Мартинез оваа сезона нема официјален настап за Монако, па сега составот од Грција му е шанса да ја оживее кариерата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО