Хаман: На Баерн му треба трофеен тренер

Дитмар Хаман кој на времето беше дел од Баерн Минхен, се осврна на шпекулациите за нов тренер на Баварците откако стана јасно дека Томас Тухел ќе си замине на крајот на сезоната.

 

Легендарниот играч од средниот ред, вели дека германскиот состав треба да се насочи кон Жозе Мурињо или Зинедин Зидан, кои имаат освојувано трофеи во Лигата на шампионите. Португалецот има пехари со Порто и Интер додека Зидан три пати по ред ја покори Европа како тренер на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО