Хајдук Сплит се обидува(л) да го ангажира Лео Меси? (ФОТО)

Деновиве Динамо Хајдук го претстави своето звучно тренерско засилување, Џенаро Гатузо, со кого се надеваат дека ќе дојдат до далеку подобри резултати.

Но она што го направи специјализираниот портал за фудбал „Трансфермаркет“, ги збуни фановите на фудбалот.

Имено, како што објави овој портал, покрај името на Лео Меси, во рубриката за трансфери, се појави името на Хајдук Сплит како потенцијална следна дестинација за Аргентинецот по МЛС лигата.

Многу навивачи кои ја видоа објавата, си помислија сигурно дека ова е апсолутна сензација, бидејки доаѓање на еден таков фудбалер во Сплит, би било рамно на фудбалски земјотрес за овие простори.

Но само неколку часа по таа, очигледна грешка, дојде до разочарување, бидејки споменатиот портал, ја избриша објавата дека Хајдук се обидува да го ангажира Лео Меси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО