Гвардиола: Целта на Халанд не е Златната топка, туку освојувањето трофеи што ги постигна

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето што треба да направи напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд за да ја добие наградата за најдобар фудбалер на сезоната – Златната топка.

-Тој треба да игра повеќе. Но, целта не е Златната топка, целта е освојување трофеи, што тој веќе го направи. Дали без него ќе освоeвме пет трофеи минатата сезона? Нема шанса. Не се работи за Ерлинг или друг играч. Додека некој играч не се повлече, тој секогаш може да се подобрува“, изјави Гвардиола за „Би-Би-Си“.

Да потсетиме, на церемонијата на доделувањето на Златната топка на крајот од минатата сезона, норвешкиот напаѓач го зазеде второто место, а пред него според гласовите беше напаѓачот на Аргентина и Интер Мајами, Лионел Меси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО