Алегри: Целта е пласман во Лигата на шампионите, а потоа управата ќе одлучи

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Тој рече дека целта е тимот да се пласира во Лигата на шампионите, а потоа управата на клубот ќе одлучи дали тој ќе продолжи да ги води „бјанконерите“.

– Целта е место во Лигата на шампионите, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро, рече тренерот.

– Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија (Јуве е на чекор до финалето). Сега е важно да останеме заедно и да се бориме. Местото во Лигата на Шампионите е приоритет и од финансиски причини не можеме да дозволиме да не се пласираме во ова натпреварување, изјави Алегри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО