Гвардиола: Фоден е најдобриот играч во Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со пофални зборови го оквалификува настапот на Фил Фоден на натпреварот против Манчестер Јунајтед, 3:1 во 27. коло од Премиер лигата.

– Фоден отсекогаш бил талентиран играч, но сега е позрел и подобро ја разбира играта, особено во однос на одбраната. Може да игра во средината, десно, лево, може да создава шанси и да напаѓа од десното крило, може да постигне гол од левото крило.

Што да кажам? Тој е најдобриот играч во Премиер лигата во моментов со оглед на обемот на работа што ја врши. Тој е неверојатен, изјави Гвардиола, за „Би-би-си“.

Фоден (23) е производ од школата на Манчестер сити и за главниот тим настапува од 2016 година. Тој со Манчестер сити освои 16 трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони (ЛШ) лани.

Сезонава крилниот напаѓач одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и имаше 10 асистенции. Договорот на Фоден со Сити е до јуни 2027 година. Неговата цена според Трансфермаркт е 110 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО