Саудијците сакаат олимписка куќа кај што е гробот на Наполеон, француската десница се противи!

Голем број земји, се разбира оние кои можат (првенствено финансиски), закупуваат простор за своја национална куќа за времетраењето на Летните олимписки игри (ЛОИ). Така ќе биде и летово во Париз.

Саудиска Арабија планира својата олимписка куќа во Париз да биде на супер интересно место кое веднаш предизвика контроверзи во Франција.

Саудијците сакаат нивната олимписка куќа да биде во комплексот на величествената и историски важна зграда на Домот за инвалиди, каде што се наоѓа гробот на Наполеон!

Евентуалното поставување на саудиското олимписко село во период од четири месеци, на место со голема симболика за француската држава и војска, предизвика контроверзи и противење кај претставниците на десницата во Националното собрание.

– Разговорите се во тек на барање на Саудијците. Постојат многу строги услови кои тие се’ уште не ги прифатиле. Нашата цел е да ја гарантираме безбедноста на локацијата, свеченоста на местото и спокојството на жителите на Националниот плоштад,  истакнуваат од француското Министерство за одбрана, во чија сопственост е зградата и земјиштето.

Тоа, инаку, е Меморијален комплекс во кој се сместени Воениот музеј, Музејот на Легијата на странците, како и гробот на Наполеон, каде што бил погребан во 1861 година или 40 години по смртта на островот Света Елена.

Иако симболиката е силна, надлежните немаат ништо претерано против да се отстапи тој простор за, очигледно, големи пари. Но десничарските пратеници во Парламентот размислуваат поинаку.

– Кога имате ревија на Коко Шанел таму, тоа не трае четири месеци и ништо не се присвојува, освен убавината на местото. Има некои работи кои не се за продажба или за профит, а, според мене, ова е една од нив, истакна во Парламентот десничарската пратеничка Натали Сер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО